Кошарка
19. January 2016 - 17:28

Олимписки квалификации во кошарка во Србија, Италија и Филипини

Кошаркарските федерации на Србија, Италија и на Филипини ќе бидат организатори на квалификациите турнири за Олимписките игри во организација на ФИБА. Покрај домаќините во квалификациите ќе настапат уште: Франција, Грција, Канада, Порторико, Мексико, Нов Зеланд, Иран, Јапонија, Ангола, Сенегал и Тунис. 
Победниците на квалификациските турнири ќе изборат пласман на Олимпискиот турнир што ќе се одржи во Рио. Квалификациите ќе се играат во периодот од 4 до.10 јули оваа година.
Пласман на Игрите во Рио веќе имаат обезбедено: САД, Бразил, Австралија, Нигерија, Венецуела, Аргентина, Шпанија, Литванија и Кина.