-->
-->
Олимпик Лион сигурен на гостувањето кај Анже
-->
Во првиот натпревар од 34.коло на француската фудбалска Лига 1, екипата на Олимпик Лион забележа сигурна победа на гостувањето кај Анже.
Иако резултатот на крајот од мечот гласеше 2-1 за Олимпик, сепак гостите од Лион во текот на целиот меч беа оние кои ја контролираа играта и резултатот. Лион имаше предност од 2-0 со головите на Матју Валбуена (17.минута) и Набил Фекир (41), додека Чекн Н’Доје го постигна голот за домашниот тим кој средбата ја заврши со играч помалку откако Хрватот, Матео Павловиќ во 76.минута заработи црвен картон.
Денеска и утре ќе се играат останатите средби од оваа рунда во Лига 1, а двојките се:
Сабота
17:00 Монако – Тулуз
20:00 Бастија – Рен
20:00 Нант – Лориен
20:00 Монпеље – Лил
20:00 Мец – Нанси
20:00 Гингамп – Сент Етјен
Недела
15:00 Каен - Олимпик Марсеј
17:00 Дижон – Бордо и
21:00 Ница - Париз Сен Жермен
Табела: Монако 80 бодови (-1 натпревар помалку), ПСЖ 80, Ница 74, Олимпик Лион 57 (-1), Бордо 55, Олимпик Марсеј 52,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја