Свет
6. јуни 2016 - 9:54

Оланд: Заканата постои, но не смееме да се плашиме

Францускиот претседател Франсоа Оланд призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде уплашена.

- Заканата ќе трае некое време. Но ние мораме да направиме се за да овозможиме Евро2016 да биде успех, изјави тој вчера за радио Франс ентер.

Фудбалското првенство се одржува во Франција од 10 јуни до 10 јули.