-->
-->
Оланд: Околу 50 повредени се во критична состојба
-->
Околу 50 повредени луѓе во синоќешниот напад во Ница се борат за живот, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој додаде дека бројот на загинати изнесува 84, а околу 50 лица се во критична состојба, посочи Оланд по посетата на болница во Ница.
Оланд, кој заедно со премиерот Мануел Валс пристигна во Ница, истакна дека целта на лицето кое го изврши терористичкиот напад била да ја „погоди Франција“.
Тој додаде дека меѓу загинатите поголем број се странци и деца и предупреди дека борбата против екстремистички групи ќе биде долга бидејќи тие сакаат да нанесат удар врз западните вредности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање