Свет
23. April 2017 - 17:24

Оланд ги повика Французите да покажат дека демократијата е посилна од се

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд ги повика француските гласачи да покажат дека демократијата е посилна од се, додека гласаа денеска во првиот круг од претседателските избори. 

- Најдобрата порака што можам да ја упатам до Французите е да покажам дека демократијата е посилна од се, рече Оланд, кој гласаше во градот Тул, главен град на департментот Корез, во централна Франција, каде се наоѓа неговиот политички бастион. 

Првиот круг се одржува под зајакнати мерки за безбедност поради џихадистичкиот напад, во кој загина полицаец пред три дена во Париз.