Бизнис
16. May 2017 - 12:03

Околу 2.600 земјоделци пријавиле штети од пролетниот мраз во Кавадарци

Штети од пролетниот мраз во Кавадарци пријавиле околу 2.600 земјоделци, изјави денеска Зоран Шалев, началник во кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Девет комисии се уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури,  кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.

- Земјоделците бараат обесштетување за претрпените штети кај лозовите и овошните насади. Првичните сознанија од терен говорат дека мрзнењето кај овошките и виновите лози се движи од десет до сто проценти, зависно од катастарската општина и местоположбата на насадите, нагласи Шалев.

Најголеми се штетите во насадите покрај реките Луда Мара и Црна.