Македонија
21. September 2017 - 16:09

Околу 20.000 лица во Македонија страдаат од Алцхајмерова болест, а само 2000 лица користат терапија

Склерозата во Македонија се шири како епидемија. Според проценките на невролозите околу 20.000 граѓани страдаат од Алцхајмерова болест, а само 2000 пациенти кои имаат проблеми со меморијата добиваат соодветна терапија. Ова заболување кое е карактеристично за лицата над 60 години станува сериозен општествен проблем.

-д-р Габриела Новотни, невролог на Клиниката за неврологија

Токму на мегународниот ден на лицата со Алцјајмер, груга невролози од земјава ќе иницираат изготвување на Национална стратегија за навремено откривање и соодветен третман на луѓето кои патат од склероза.