Околу 2.000 мигранти евакуирани од импровизиран камп во Париз
Француските власти денеска во северниот дел на Париз испразнија импровизиран камп во кој во шатори веќе неколку недели живеаја околу 2.000 мигранти, пренесоа француските медиуми.
Првите мигранти, кои рано утринава беа извадени од кампот, почнаа да се качуваат во автобуси, што ќе ги разнесат во околу 60 центри во реонот на Париз, вклучувајќи ги и празните спортски сали.
Акцијата беше отежната заради турканиците меѓу луѓето, кои одбиваа да се качат во автобусите од страв дека можеби нема да има места за сите.
Голем дел од мигрантите се Авганистанци, Суданци и Еритрејци.
-Треба значително да го зголемиме прифатот на бегалци на целата територија на Франција затоа што во Париз самите не можеме да се справиме со нив, изјави француската министерка за станбена изградба, Емануел Кос, која на лице место ја следеше евакуацијата.
Според податоците на локалните власти, ова е 23 операција од овој тип, организирана во Париз од јуни 2015 година.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност