Македонија
26. January 2018 - 10:25

ОЈО бара куќен притвор за Дурловски и мерки на претпазливост за Пешевска

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска достави барање за продолжување на мерките притвор и куќен притвор за триесет и петмината осомничени за насилствата од 27 април 2017 година во Собранието.
 
Во соопштението од ОЈО се наведува дека надлежниот обвинител побара од судот за пратеничката Жаклина Пешевска да биде укината мерката куќен притвор и таа да биде заменета со мерки на претпазливост, а за Игор Дурловски мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.