Македонија
3. July 2017 - 17:08

Охриѓани во страв и паника по земјотресот од пет степени по Рихтер

Земјотресите во охридско не престануваат.Попладнево во 13 часот и 18 минути е регистриран уште еден посилен потрес со јачина од 5 степени според рихтеровата скала .Епицентарот бил 10 километри источно од градот помеѓу Косел и Јанковец.Со помали интензитети земјотресот е почуствувам на целата териоторија на Македонија и околните земји .А му претходеа и серија други ноќеска  во 3.54 минути со јачина од 3.7 степени според Рихтер а во 3,9 часот од 2,9 степени.Експертите оваа појава ја коментираат како рој на земјотреси како резултат на порамнувањето на енергијата 

која се наоѓа во утробата на земјата на охридскиот расед но зачудува фактот што нема намалување на јачината .Од скопската опсерваторија треба да пристигнат стручни лица кои во охридскиот регион ќе постават инструменти за мерење на сеизмичката активност.

Во центарот за управување на кризи само за половина час пристигнале десетина пријави за оштетени објекти,испаѓани оџаци,распукани ѕидови и фасади.

Земјотресите предизвикаа вознемиреност кај граѓаните и туристите кои излегоа надвор пред своите домови загрижени што континуирано се тресе тлото на охридскиот регион.

Инаку од 18 ти минатиот месец до утринските часови охридскиот регион е изложен на појава на земјотреси на растојание од 6 до 8 километри североисточно од градот со интензитет од 2 до5,1  степени од регистрираните над 800 . Надлежните апелираат граѓаните да не паничат и да се придржуваат на препораките за заштита од земјотреси .