Кошарка
30. јуни 2015 - 22:43

Охриѓанецот Осман драфтуван во НБА лигата!

Кошаркарот на Ефес Анадолу, Чеди Осман синоќа беше драфтуван во НБА лигата како 31-ви пик. Осман сигурно кариерата ќе ја продолжи во најсилната светска лига но ќе игра во Европа уште неколку сезони. 

Интересна е неговата животна приказна. Роден во Охрид со семејството живее на брегот на Охридското езеро до пред неколку години. Татко му е Турчин, мајка му Босанка но откако Осман не успева да се пробие во младите кошаркарски селекции на Македонија и од нашите стручњаци е прогласен за неталентиран , семејството се сели во Турција каде Осман успева да ги потврди своите огромни квалитети и ги демантира нашите експерти, за жал....