Македонија
19. January 2018 - 11:46

Охриѓанец тешко повреден во страотен судар кај Косел

Синоќа во 22,00 часот на магистралниот пат Охрид–Ресен после с.Косел, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Ј. (46) од Охрид и патничко моторно возило „Киа Сефиа“ со битолски регистерски таблици управувано од Ј.П.(33) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј. кој по укажаната лекарска помош во болницата “Свети Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил препратен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.