Македонија
31. January 2018 - 13:01

Охриѓанец претепан пред пицерија, тројца брутално го удирале

Завчера во 23.45 часот во Полициската станица Охрид, С.Т. (38) од Охрид пријави дека физички бил нападнат од три лица во пицерија на ул. „Кеј Македонија“.

Според пријавата, истиот ден околу 23.30 часот С.Т. отишол во пицеријата откако му се јавило лицето Г.М. од Охрид и седнал на масата каде седел Г.М. со Н.Б. од Охрид и С.А. од Струга.

По кратко време, С.А. со рака го удрил С.Т. во пределот на главата. Веднаш потоа и Г.М. го удрил С.Т. со рака во пределот на главата. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. 

Во врска со настанот во Полициската станица Струга на разговор било повикано лицето Н.Б. , додека лицата С.А. и Г.М. биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.