Македонија
21. October 2017 - 16:35

Охридско Езеро веќе подолг период е драстично намалено блиску до нултата кота

Сеуште непороменета состојбата со нивото на водата во охридското езеро.

Последните мерења на УХМР покажуваат 693,20 сантиметри однoсно 3 сантиметри над нултата кота од 693,17 .

Од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство најавија дека за ваквата состојба информирана е владата која преку план  и стратегија ќе изнаоѓа конкретни решенија и предлози.

Според експертите состојбата e критична водостојот е под вообичаеното ниво за овој период од годината .

Еколозите апелираат езерото да не се користи како акумулација додавајќи дека е потребна прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија за регулирање на нивото кај Црн Дрим проблем кој постои години наназад .

Инаку од Управата за хидрометеоролошки работи и ЕЛЕМ и натаму со различни параметри за нивото на Охридското езеро.