Македонија
24. August 2016 - 17:08

Охридскиот угостител Крсте Велјаноски е лицето што загина во вчерашната сообраќајка

Познатиот охридски угостител 44 годишниот Крсте Вељаноски го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Охрид –Кичево во близина на селото Требеништа.До незгодата дошло помеѓу ТМВ „Ивеко“ со албански национални ознаки, управувано од 30 годишен жител од Р.Албанија и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки. Охриѓанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо од каде констатирале смрт. Повредите на вратотот биле фатални а лекарите не можеле да направат ништо за да го спасат неговиот живот.

На местото на настанот извршен е увид од страна на сообраќајната полиција и Јавен обвинител.

Инаку Вељанот кој зад себе остави три малолетни деца беше сопственик на кафетеријата Леа и пицеријата Стационе во Охрид.