Македонија
18. May 2017 - 17:09

Охридскиот чинар и денес пишува историја

Култното место во Охрид кај чинарот поради вековитото дрво е едно од немите сведоци на историјата на градот.  Постојат различни преданија ,приказни и сведоштва кои укажуваат на неговата старост токму таа е една од мистичните работи на ова дрво ,некои тврдат дека е посадено од страна на Свети Климент во 9от век а според други пак од страна на турците османлии кон крајот на 14 век.

Ова место сеуште е атрактивно во секојдневието на охриѓани и секако за посетителите кои доаѓаат во главниот туристички центар .

Во минатото чинарот бил главна раскрсница  која водела кон Струга тука имало позната кафана, околу длабоката сенка биле поставени маси и столици каде се собирале од најбогатите до најсиромашните,исто така и катче на различни мајстори.

Чинарот кој е едно од најпознатите и воедно меѓу најстарите дрва во Македонија прогласен за споменик на природата денес сеуште сведочи за историјата на градот Охрид иако можеби неговата состојба не е во најзавидна положба тој самиот се бори со сопствениот временски континуитет за да ја одржи охридската традиција.