-->
-->
Охридски маратон: И без ланските победници силна конкуренција
-->
Помалку од 72 часа нé делат од стартот на 29-то издание на Охридскиот пливачки маратон, кој е претпоследен од петте маратони (Аргентина, Мексико, Канада, Македонија, Италија) во Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Триесеткилометарската маратонска трка традиционално се плива на патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.
Организаторите на годинешниот, 29-ти маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација (МПФ), Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.
Од Пливачката федерација на Македонија за Макфакс изјавија дека за маратонската трка досега своето учество го пријавиле 20 маратонци од кои 10 мажи и 10 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. Македонски преставници на трката ќе бидат Евгениј Поп Ацев кој лани го освои второто место, ветеранот Томи Стефановски, односно Александар Илиевски и Александар Панчевски.
На маратонската трка оваа година нема да учествуваат минатогодишните победници, Белгиецот Брајан Рикеман, кој сезонава настапи само на маратонот во Мексико, и Силвија Рибарова од Чешка.
Листата во машка конкуренција е исклучително силна, бидејќи учеството го имаат пријавено првите четворица во вкупниот пласман во Гран при серијата на ФИНА: Бертран Вентури од Франција (28 бодови), Гзавие Дешарне од Канада (25 бодови), Евгениј Поп Ацев (23 бодови) и Симоне Ерколи од Италија (20 бодови).
Исто така, најдобрите четири во женска конкуренција во вкупниот пласман го пријавија учеството на Охридскиот маратон: Пилар Хиехо од Аргентина (42 бода), Естер Нуњез од Шпанија (31 бод), Аличе Франко од Италија (26 бодови) и Рита Гарсија од Аргентина (17 бодови).
Инаку наградниот фонд на маратонот и оваа година изнесува 10.000 евра, а рекордот на патеката го држи Бугаринот Петар Стојчев (5:19:30.35 часа) кој е 11-кратен победник на трката.
Повеќе детали околу организација, пријавените учесници и самата трка организаторите ќе соопштат в четврток, за кога во Охрид во 12 часот е закажана прес-конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.