Македонија
5. August 2016 - 8:30

Охрид вторпат домаќин на Кубанскиот танцов фестивал

Во организација на Танцовиот клуб „Сонриса“, од денеска до 7 август во Охрид ќе се одржи 2. Меѓународен кубански танцов фестивал „Хола Охрид“.

Фестивалот предвидува работилници и танцови забави водени од 15 артисти - дванаесет инструктори од Куба и од регионот, Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија и Полска, како и тројца познати латино ди-џеи, а официјално ќе го посетат преку 250 гости од Македонија и странство, од кои голем дел од европските земји.

Во рамки на дневната програма, покрај едукативните работилници од танцов карактер, ќе има и екстра активности меѓу кои и организирана тура низ Охрид. Вечерната програма ќе се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот.