Македонија
22. April 2017 - 20:31

Охрид влезе во Гинисовата книга на рекорди со најголемата шопска салата во светот тешка 202 кг и 86 гр

Охрид влезе во гинисовата книга на рекорди со најголемата шопска салата во светот тешка 202 килограми и 86 грама. Подготовката која траеше повеќе од десет часа беше следена од комисија на Гинис со претставници од пет држави. Иницијативата  е на Ина Жарова од Русија, повремен жител на Охрид и најпознатиот професионален угостителски критичар во Русија Олег Назаров.

Оваа позната салата која што ја прават сите земји во регионот се подготвуваше во специјално изработен сад.

За туристичките работници ова е одлична можност за промоција на градот во светски рамки.

Инаку досегашниот рекорд во шопска салата го држеше Бугарија, со 80 килограми во 2009-та година.