Бизнис
11. October 2017 - 21:27

Охрид полн со домашни и странски туристи

Празникот 11 октомври го раздвижи главниот туристички центар. Покрај охриѓани кои пријатното време го искористија на прошетки по чаршијата и кејот градот е исполнет и со странци .Тие уживаат во природните убавини ,културно историските знаменитости и панорамските прошетки по езерото.

До крајот на месец октомври  организирано доаѓаат субвенционираните туристи но голем е бројот и на оние кои индивидуално или пак како дел од Балканските тури одмараат во Охрид.

Туристичките работници сметаат дека покрај сезонскиот, конгресниот и културниот вид на туризам го зголемуваат бројот на туристите во Балканскиот Ерусалим а на хотелиерите им овозможуваат да опстојат во текот на целата година.