Македонија
11. January 2017 - 17:20

Охрид подготвен за Водици

Се е подготвено за големиот верски празник Богојавление Водици.

Илјадници верници се очекуваат во Балканскиот  Ерусалим да присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро. И оваа година празникот ќе се одбележи во духот на христијанската вера и обичаи и ќе трае три дена  .

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на 17 јануари пред охриѓани премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Танцот на пастрмките“.

Хотелиерите со примамливи пакет аранжмани ќе ги привлекуваат посетителите.

Градот голем број на посетители очекува и на 20 јануарари  кога традиционално се капат рибарите и се приготвува рибната чорба.