Македонија
31. December 2015 - 19:19

Охрид подготвен за Нова година

Охрид наликува на права туристичка дестинација.Огромен број на туристи пристигнаа во градот кои одлучија најлудата ноќ да ја поминат на охридската ривиера.

Низ центарот може да се почуствува предновогодишна атмосфера ,насекаде раздвиженост како по кафетериите и рестораните така и по дуќаните.

Холтелските капацитети се исполнети а иста е сликата и кај приватните станоиздавачи.Најбарани од страна на гостите  се тридневните аранжмани.

Охридската полиција и оваа година на симболичен начин со подарување на еден новогодишен лампион на возачите ги предупреди да возат внимателно

За добрата забава на градскиот плоштад ќе се погрижат уметниците од ансамблот „Билјана“, Боби Мојсоски, „Компас бенд“, Викторија Лоба, а новогодишната журка ќе кулминира со настапот на поп-ѕвездата Калиопи Букле.