Македонија
25. February 2017 - 17:02

Охрид ќе го заштитува културното наследство

До крајот на 2018 година комплетно ќе биде завршено возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник .Моментално се работи на фасадното и ентериерно уредување на објектите а ќе продолжат и археолошки истражувања на овој локалитет,до крајот на оваа година ќе заврши и архитектурата на црквата Света Богородица Заумска а комплетно е завршена конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на Црквата Богородица Перивлепта возобновена е  камбанаријата и манастирскиот конак.

На Самоиловата тврдина и Горна Порта каде беа откриени многу значајни предмети како златната маска ,ракавица ,обетки и огрлици ќе продолжат археолошките истражувања.

Од завод и музеј најавија дека и оваа година ќе продолжат да го заштитуваат вредното културно наследство и спомениците на културата , и да вршат конзервација на фрескоживописите на верските објекти.