Македонија
11. May 2017 - 16:28

Охрид ќе ги трга питачите од улица

Питачењето останува сериозен проблем во двата крајезерски града . Се поголем е бројот на  децата питачи на возраст од 7 до 14 години најчесто од ромска националност кои се од семејства со нарушени односи без родители или каде што родителите се разделени.Особено во екот на летната сезона во центарот на Охрид и Струга и на најфреквентните улици секојдневно може да се видат питачи кои најчесто доаѓаат од другите градови. Надлежните сметаат дека потребни се мерки за надминување на овој проблем со координирано делување на сите институции кои се занимаваат со оваа проблематика.

Од охридската полиција најавија зголемени активности во заштита на имотот на граѓаните и во делот на  сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона.

Инаку од СВР Охрид потенцираа дека придонесуваат кон постојано одржување на мирот и безбедноста.

Изминатата година биле поднесени 14 прекршочни пријави на лица кои питачеле а оваа година до сега 8 пријави .Во 2016 регистрирани се 1564 казнени дела  што претставува намалување за 16 проценти.