Македонија
27. February 2016 - 16:29

Охрид ќе добие модерно пристаниште

Градското пристаниште во Охрид ќе добие лик каков што доликува на една туристичка дестинација.Неодамна се направи продлабочување и санација а според планот треба да биде реконструирано и доградено  за да обезбеди поголем простор за бродовите и за нивно впловување во случај на невреме и заштита од бранови се со цел подобрување на условите во бродскиот сообраќај.

Доколку дојде до неповолни временски услови бродарите организираат стражи за чување на пловните објекти или  испловуваат на побезбедни места.

Направена е санација и продлабочување и на пристаништето во Свети Наум каде беше оштетен јужниот ѕид на кејот .

Од Капетанијата велат дека состојбата континуирано ја следат нивните служби и сметаат дека  и двете пристаништа се функционални.