Македонија
21. January 2018 - 16:32

Охрид има потреба од прифатен центар за бездомници

Случајот со 45 годишниот Роберт Николоски кој преку ноќ остана без дом откако во пожар му изгоре скромната куќа повторно го актуелизира проблемот од потребата за прифатен центар во градот. Објект каде привремено ќе бидат згрижувани бездомниците и ранливите категории на граѓани.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека постојано апелираат до надлежните за отварање на дневен центар каде тие лица би престојувале би добиле храна ,облека,услови за хигиена  и здравствени прегледи.

Градоначалникот Стојаноски најави дека на градот му е потребен објект каде луѓето кои од најразлични причини останале без покрив над глава ќе може да бидат сместени.

Многу хумани лица,локалната и црвениот крст  му помогнаа на Роберт тој моментално е сместен во еден од хотелите на охридската ривиера се додека не се обнови неговиот опожарен дом . Инаку во  Охрид има доста локации и објекти,кои би можеле да се преуредат за згрижување на бездомните лица.