Македонија
25. November 2017 - 21:40

Охрид има потреба од нов репрезентативен центар на културата

Охрид има потреба од нов репрезентативен центар на културата. Објектот каде е сместен Домот и градскиот театар не ги задоволува потребите за презентирање на културно уметничките настани. Надлежните сметаат дека потребни се два засебни објекти со модерни просторни услови и повеќенаменски капацитети кои на културните дејци ќе им овозможат квалитет во содржините и изразувањето а воедно ќе допринесат и за кое развојот на културниот туризам.

Кино претставите ,драмските премиери и свечените промоции се одржуваат во стариот објект нема модерна сценска технологија ниту ентериер за посетителите да се чуствуваме како во салите на европските културни престолнини.

Инаку и покрај тоа што објектот кој се користи за бројни културни манифестации неколку пати се уредува и просторно проширува сепак на градот  неопходна му е нова современа уметничка зграда. Според нацрт стартегијата до 2022година предвидено е да се реконструкира Центарот за култура Григор Прличев.