Македонија
19. August 2016 - 14:15

Охрид и Воден со прекугранички проекти до средства европските фондови

Градовите Охрид и Воден во Грција преку заедничка апликација пред Европските инвестициски фондови обезбедија одредени средства за проекти, преку кои се гради рекреативно-пешачката патека од Охрид до Горица, а Факултетот за туризам и угостителство доби нова современа кујна. Двете општини идната година заеднички ќе аплицираат и за дополнителни средства од ИПА фондовите преку кои е предвидена и изградба на ботаничка градина во Охрид, инфоцентар за туристите во градот и рекреативен парк над плажата Лабино на охридското Кале.

Во рамки на проектот „WaterNet“ што заеднички го реализираат двата града денеска во Охрид се одржа и работен состанок со учество на претставници на локланите самоуправи на двата града, како и на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун. На средбата беа презентирани и повеќе научни трудови за значењето на водата во повеќе области од човековото живеење, извршена беше гастрономска презентација на активностите на студентите на ФТУ, како и предавање за Охридскиот бисер.

Двете општини ги разгледуваат и можностите за унпредување на соработката во областа на туризмот, преку збогатување на својата понуда со прекугранични тури за гости со посета на двата града.

- Има многу луѓе кои сакаат да ги посетат овие природни и светски познати заштитени природни убавини како Охридското Езеро, планинатата Галичица и секако природните извори, Преку соработка треба да се работи на зголемување на бројот грчки туристи што би го посетиле овој регион, изјави Евангелос Киријаку директор за туризам на Воден.

Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид изрази уверување дека во најскоро време двата града ќе изработат пакет аранжмани кои што ќе ги нудат туристичките агенции, а во кои Охрид и Воден  ќе бидат еден од главните места кои што треба да бидат посетени од страна на туристите.