Македонија
22. August 2017 - 16:34

Охрид и оваа учебна година ќе формира паралеки со помалку од 24 ученици

Охрид и оваа учебна година ќе формира паралеки со помалку од 24 ученици. Ваквата одлука на советниците доаѓа како последица на константното намалување на бројот на запишани ученици во образовните институции. Состојбата е најалармантна во Средното угостителско училиште и тоа во насоките за келнери и кувари каде има и по 7 ученици во една паралелка.

Надлежните велат дека на овој начин нема да згаснат многу работни места на оделенски и предметни наставници а и неколку училишта во руралните средини.

Потребна е сериозна стратегија и откривање на причините за намалениот број на ученици од страна на надлежните за надминување на овој проблем.

Инаку во општина Охрид има осум основни училишта и три средни.Проблем  со помал број на ученици покрај во средното угостителско и ЕМУЦ има и во основното училиште Свети Климент a најдрастични примери има во  подрачните училишта во селските средини.