Бизнис
17. јуни 2017 - 17:02

Охрид бара начини за развивање масовен туризам во текот на целата година

Охрид ќе развива масовен туризам.Со разновидна оригинална автентична туристичка понуда карактеристична само за нашите простори ќе се привлекуваат туристите во текот на целата година.Експертите сметаат дека во понудите треба да се вметнат големиот број на верски, културно уметнички  манифестации и традиционалните настани и да се нудат во пакет аранжмани надвор од сезоната.

Охрид ќе изнаоѓа начини да ја разбие туристичката сезоналност каде во одреден период има огромен број на туристи а во друг речиси и да ги нема .

И покрај тоа што од година во година бројот на туристите се зголемува сепак следејќи ги светските трендови каде туристичките центри имаат постојано туристи со шаренолика понуда преку најразлични препознатливи форми Охрид ќе ја продолжува сезоната .