Македонија
3. February 2016 - 19:10

Огромен интерес за бесплатниот јавен превоз за студентите

Поднесени се околу 12.500 апликации од студенти во првиот месец од почнувањето на проектот бесплатен јавен превоз, што претставува одличен почеток за овој проект, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Во јануари, месец во којшто студентите не се на настава има 12.500 студенти кои подигнале соодветна документација за бесплатно користење на автобускиот превоз, така што имаме одличен старт над нашите очекувања  и огромен интерес. Сите тие средства што судентите досега  ги давале за јавен превоз сега ќе претставуваат директна заштеда за нив и за нивниотт животен стандард, рече Груевски.

Груевски додаде дека во периодот што претстои очекува бројката да расте.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осфрна и на програмата за условен паричен надомест, кој го добиваат социјално загрозените семејства чии деца посетуваат средно образование. 

-  Тоа е мерка која што ја воведовме пред 6, 7 години и одлично се одвива, а ќе продолжи и оваа година. Со буџетот што се усвои минатата година и со програмата што се усвои во јануари се планираат 80 милиони денари за шест и пол илјади семејства, финансиска помош за поддршка на нивните деца во средно училиште, рече Груевски.

Досега преку оваа владина мерка доделени се вкупно 360 милиони денари.