Македонија
13. October 2017 - 13:33

Ограбени две аптеки во Скопје

Секторот за Внатрешни Работи во Скопје поднесе кривична пријава против И.С. (26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“.

На 29.05., 27.06. и 07.07. годинава во три аптеки на „Зегин“ во Скопје, со закана со нож, извршил разбојништво при што одзел вкупно 42.500 денари. Кривичното дело „разбојничка кражба“ го извршил на 10.05.2017 година околу 20.30 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, исто така, во аптека на „Зегин“, каде што одзел 18.960 денари.

Во тој момент од задната просторија излегла вработената во аптеката, на која пријавениот и се заканил да молчи.