Македонија
18. April 2017 - 13:42

Ограбена обложувалница во Чаир

Вчера околу 21.10 часот во Скопје, во обложувалница на ул. „Боро Менков“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.
 
Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.