Македонија
25. September 2017 - 13:10

Ограбена џамијата во Радолишта

 Околу 6.000 денари се украдени викендов од џамијата „Башкими“ во струшкото село Радолишта.

Како што соопшти МВР, настанот се случил меѓу 21 и 05 часот кога непознат сторител насилно го отворил прозорот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец.

Увид изврши екипа од Полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.