Македонија
13. December 2016 - 14:51

Ограбена аптека во Скопје, разбојникот побегнал со богат плен

Вчера во 17.00 часот во ЕИК Скопје, С.М. пријавила дека истиот ден околу 16.40 часот во Скопје, на ул. „Жан Жорес“ во аптека непознато маскирано машко лице извршило разбојништво.

Сторителот влегол во аптеката и со закана со пиштол им одзел околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.