Балкан
27. September 2017 - 10:07

Ограбен станот на Љубиша Самарџиќ неколку дена по неговиот погреб

Само една недела по погребувањето на Љубиша Самарџиќ, непознати разбојници го ограбиле станот на славниот актер и режисер. Разбојниците украле голема сума на пари и накит, а меѓу другото и златниот часовник на Самарџиќ. Актерот тој часовник често го носел и за него имал голема вредност.

Грабежот се случил на 22 септември среде бел ден. Се верува дека грабежот бил испланиран и дека разбојниците добро знаеле што ќе пронајдат во станот. Тие се качиле на терасата, ја обиле вратата и влегле внатре додека немало никој.

Украдени се повеќе од 6000 евра во различни валути и голема количина накит.