„Огнена земја“, самостојна изложба на Емил Шулајковски во КИЦ
Во изложбените салони „Империјал 1 и 2“ при ЈУ Културно-информативен центар - Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски насловена „Огнена земја“.
Со оваа изложба Емил Шулајковски го одбележува јубилејот 25 години ликовно творештво, а на неа ќе бидат изложени 45 слики изработени во маслена техника создадени во последните три години.
„Формите“ и композициските структури на Емил Шулајковски се „градени“ или произлегуваат од визуелната перцепција, односно препознавањето на општи облици или конкретни мотиви (форма или портрет или фигура, композиции, женско тело...) кои се трансформираат во своевидна апстрактна фигурација, при што генерално се работи за универзални претстави со аналогија на миметичкото, во случајов стилизирани портрети и претстави на женско тело кои се раѓаат по повеќегодишна пауза (речиси 20 години), вели кустос Маја Чанкуловска Михајловска во текстот на каталогот за изложбата на Шулајковски.
Емил Шулајковски е роден во Скопје во 1969 година. Дипломирал на Факултетот за ликуван уметност во 1992, каде завршува и постипломски студии во 2001 година.
Има реализирано 25 самостојни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Германија и САД, а учествувал и на 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на пет национални награди за сликарство.
Дела на Емил Шулајковски се наоѓаат во приватни и јавни збирки во преку 30 земји низ целиот свет.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората