Живот
27. April 2017 - 13:36

Оглас за работа кој го запали Фејсбук: ќе се изненадите и вие кога ќе прочитате што бара работодавецот!

Оглас за работа кој појави на социјалните мрежи ги руши сите табуа.

Имено, поради тоа што владее фама дека во трговските работни места воглавно се нудат на млади и што повеќе атрактивни девојки, без разлика на на умешноста, огласот кои се појави на Фејсбук тоа го демантираше.

Еве за што се работи и што пишува во огласот:

- Потребна е фина госпоѓа за работа во малопродажен објект во окоината на Ужице. Бараме „стара школа“ на трговец. Идеално би било личноста да има барем 45 години. Може и некоја повеќе, но некоја помалку. Би било добро да сака луѓе и да ја сака својата работа, но и да знае нешто од текстил. Да не и е тешко да симне 50 артикли од полиците и сето тоа после стрпливо да го врати. Да не ги превртува очите во 8 наутро, додека става маскара или контактни леќи. Некако веруваме дека барем малку рамнотежа или правда би била задоволена ако станува збор за некоја фина госпоѓа која е неправедно, во предходните турбулентни години, заменета со млада. бараме личност која - знае на секој да каже Вие, а умее стоечки  да поднесе ако некултурниот муштерија и каже Ти - нема страв од платежни картички и се она што новото време го донело - знае дискрцијата е дел о воспитувањето и дека е дел од тимот на заедничката задача, а не позајмена работна сила која живее од први до први. Бараме лојалности поштување на хиреархијата, нудиме редовно плаќање и поштување на приватноста. Доколку се разболи, од нас нема да добие отказ, туку килограм лимуни, пишува во огласот.