Официјално почна кампањата за референдумот за независност на Каталонија
Во шпанскиот автономен регион Каталонија синоќа официјално започна кампањата за референдумот за независност на областа, со голем митинг во градот Тарагона на кој присуствуваше и претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон.
Регионалните власти во Барселона го закажаа референмдумот за неависност на Каталонија за 1 октомври, но ваквата одлука шпанската Влада ја погласи за илегална, по што Уставниот суд на Шпанија нареди замрзнување на решението за одржување на плебисцитот се до неговото конечно изјаснување околу уставноста на целата постапка.
Централните власти и наредија на полицијата да ги оневозможува подготовките за одржување на референдумот, а шпанското Јавно обвинителство се закани со казнени мерки против сите кои ќе учествуваа во организацијата на изјаснувањето.
Градските власти на Барселона, од своја страна, објавија дека сите жители на градот ќе можат слободно да гласаат на референдумот и најавија преземање мерки за заштита на државните службеници од казнени постапки, поради нивно учество во подготовките за референдумското изјаснување.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК