Ракомет
1. February 2018 - 21:08

Официјално објавено дали Лино Червар се враќа во Металург

Официјално се уште актуелниот тренер на Металург, Лино Червар, нема да биде на утрешната прес-конференција, а нема да биде ни на неделниот натпревар на „металурзи“ во СЕХА лигата против Војводина, со кој го почнуваат вториот дел од сезоната, објави „Екипа“.

-Лино Червар нема да биде на прес-конференцијата. Но, други официјални информации врзани со неговото враќање во Металург, нема, е единствената информација од Металург.

Подготовки на Металург за втората полусезона ги водеа Александар Јовиќ и Петар Мисовски, а многу веројатно, двајцата тренери ќе ги предводат „металурзи“ од клупата и на преостанатите натпревари во СЕХА лигата и во плеј-офот во домашната Супер лига.