Бизнис
30. July 2015 - 16:40

ОДВ Електрик и Владата потпишаа договор почнува изградбата на фабриката за 1000 работни места

Нова инвестиција и нови вработувања  во земјава. ОДВ електрик отвара фабрика во охридско-струшката индустриска зона. За две недели ќе почне изградбата на објектот кој ќе чини 15 милиони евра  кој ќе се обезбеди работа за  1.000 лица.  Ова е прва инвестиција во зоната, која ќе помогне за заживување регионот. Компанијата за произвдство  на компоненти за автомобили и владата го потшишаа договорот.

Големата европска компанија  веќе има  еден произвдоствен  погон во Охрид во кој работат 130 лица, а до крајот на годинава  бројот на вработени ќе достигне 150. Новиот објект ќе биде сличен со оној  во Украина.

За проширување на својот бизнис,  престваниците на компанијата Макеоднија ја избрале во комбинаицја со повеќе земји. Во игра биле биле Молдавија, Бугарија, Србија. За прв пат биле тука во декември 2013, а пет месеци донеле одлука да инвестираат тука.

Во текот на целито  процес имавме целсона подршка од власдата која постојано соработуваше со нас па постигнавме резултати подобри од во која било друга земја. Брзиот почеток на работата во веќе постоечки објект и планот за почеток во нова локација не ни беа понудени во ниту една друга земја. Предноста на целиот рпоцес е што државата тука има тим кој знае што сакаат инвеститорите, истакна Лудвиг Батон, извршен директор на ОДВ Електрик. 

Свои производствени погони компанјата има во Германија, Украина Унгарија.

Ова е втора инвестиција во земјава за два дена. Вчера владата потпиша договор за изградна на леарница во Пробиштип и за вработување на нови 280 лица.