-->
-->
Одушевија „Германците“ во нашиот тим
-->
И во македонскиот национален тим играат „Германци“ и тоа Талески кој настапува во Рајн Некар , потоа Миркуловски од Вецлар и порано Дејан Манасков настапуваше во Вецлар и Рајн Некар, значи во Бундес лигата во силни германски екипи. Затоа задоволството од играта на овие играчи навистина е огромно, се докажаа против најдобрите играчи од најсилната европска лига.
Дејан Манасков, кој постигна пет гола, изјави дека е пресреќен од освоениот бод со Германија во денешното дерби (25-25) за прво место во групата Ц на ЕП во Хрватска.
„Луѓе, супер е, прво место сме во групата. Пресреќни сме. Рековме и пред мечот, Кире го кажа тоа, ако некој ни даде бод, со две раце ќе потпишеме. Презадоволни сме со овој бод. Сега со три бода одиме во следната фаза, па што биде – нека биде таму! Борко беше одличен денеска, одбраната… Сите бевме одлични. Мислам дека ова е заслужено. Одиме понатаму, во Вараждин да ги радуваме нашите навивачи“, изјави Манасков.
„Имав два пеха кои ми се случија во минатото против Гермнаија, па, за среќа, денеска беше подобро и мислам дека ова е еден одличен резултат. Се боревме машки и до крај 60 минути издржавме против една гранитна одбрана каква што имаат Германците и со добар Волф на голот во првиот дел“, додаде Манасков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација