Ракомет
6. September 2017 - 15:13

Одржана седница на Управниот одбор на РФМ

Управниот одбор на РФМ денеска одржа седница на која за нов селекторо на кадетската и малдинската репрезентација го назначи Данило Брестовац. РФМ донесе одлука со 10.000 евра да ја награди младинската репрезентација за освоеното шесто место на Светското првенство во Алжир. Селекторот Илија Темелковски, кој ја предводеше оваа селекција ќе добие награда од 1.000 евра.
УО на РФМ го усвои извештајот на Раул Гонзалез за настапот на репрезентацијата во квалификациите и обезбедениот пласман како првопласирана селекција на ЕП во Хрватска 2018.
-  Го поздравувам успехот и честитки за сите, репрезентативците, Стручниот штаб и сите кои вклучени во работата на репрезентацијата. Посебна благодарност до сопственикот на Вардар, Сергеј самсоненко, кој ни излезе во пресрт во многу важен период за клубот, рече претседателот на РФМ Живко Мукаетов.