Спорт плус
18. October 2016 - 17:03

Одржана првата атлетска бизнис штафетна трка

На патеката на кејот на Вардар во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 50 тимови од македонскиот бизнис. Првото место го освои тимот на Еуростандард Банка, втори беа учесниците од Халкбанк, а третото место му припадна на тимот на Мастер Инжинеринг.
 
Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Елисавета Нојковска од Клоузер Консалтинг кај жените и Игор Стојановски од Халкбанк кај мажите.
 
Иако дождот и студеното време не одеа во прилог на закажаната трка, учесниците на првата бизнис штафета „Business Run 2016“ се појавија во масовен број на стартот и одговорија на предизвикот да се постигне тимски резултат и успех во секакви околности. Мешаните машко-женски тимови беа одраз на реалната работна околина.
 
Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.