Македонија
13. March 2016 - 22:04

Одрон кај Марков Манастир, сообраќајот по една лента

На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1км после клучката  за Марков Манастир поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна 
лента во должина од 10- 15 метри.
 
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
 
Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.