Фудбал
27. October 2016 - 15:05

Одредени двојките за 1/4 финалето на Лига купот

 
 
По одигрувањето на осминафиналните дуели синоќа беа извлечени и двојките за четвртфиналето на ЕФЛ (Лига купот).
 
Манчестер Јунајтед го пречекува Вест Хем, додека Арсенал е домаќин на Саутемптон. Ова се натпревари каде ќе играат премиерлигашите.
 
Другите два премиерлигаши се домаќините на екипи од другите рангови. Ливерпул го пречекува Лидс, а Хал е домаќин на Њуксл.
 
Натпреварите ќе се играат на 28 и 29 ноември.