Македонија
27. September 2016 - 16:14

Одложено судењето за Зоран Божиновски

Повторно се одложи  судењето за Зоран Божиновски обвинет за шпиунажа, злосторничко здружување и уцена.

Поради здравствени причини судијката не можела да дојде на закажаниот термин. Од судот известија дека пред неколку дена побарала прераспределување во друг оддел од лични и семејни причини а  на нејзино место доаѓа друг судија од одделот за кривично полнолетни.

Зоран Божиновски денеска не беше доведен во судницата на Кривичниот суд поради целисходност на постапката.

Судијката која го одложи претресот рече дека не се точни  информациите во некои медиуми дека Зоран Божиновски е значително ослабен поради штрајкот со глад. Таа информираше дека  Божиновски е во добра здравствена состојба.

Божиновски исказ ќе даде на 19 октомври до кога ќе пристигнат и доказите од предметот Шпион, кои сеуште се  во Апелација по јавната седница која ја побараа од СЈО . Зоран Божиновски беше дел од предметот Шпион но неговата постапка беше раздвоена бидејќи беше недостапен за судот.

Двајца од 19те обвинети  во случајот  вчера попладне се пуштени од притвот каде беа од почетокот на истражната постапка.

Решението доаѓа откако специјалната обвинителка Катица Јанева на јавната седница побара намалување на казните за лицата осудени за шпионажа.

На  Миќо Насковски обвинет за злосторничко здружување, измама и уцена му беше определена казна затвор од 4 години, а на Цветан Дамјановски кој се товари за злосторничко здружување, уцена, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи му беше одредена единствена казна затвор од 6 ипол години.

Пресудата за предметот Шпион сеуште не е донесена.