Свет
18. December 2017 - 14:35

Одложено судењето на исламистот Салах Абдеслам во Брисел

Суд во Белгија реши да го одложи почетокот на судењето против исламистот Салах Абдеслам, кој е обвинет како еден од организаторите на терористичките напади во Париз во 2015 година. 

Следното рочиште на судењето треба да се одржи на 5 февруари.

Абдеслам, француски државјанин со мароканско потекло, беше уапсен во март 2016 година во белгискиот главен град Брисел, од каде што раководел со својата исламистичка ќелија.

Пред да биде уапсен, Абдеслам неколку дена се криеше од полицијата во станови во населбата Моленбек во Брисел, а во престрелка при апсењето беше убиен еден од неговите следбеници.

Неколку дена по апсењето, припадниците на неговата исламистичка ќелија извршија серија напади во Брисел врз аеродромот и метро станицата.