Македонија
3. May 2017 - 16:35

Одложено рочиштето за немирите во општина Центар, предмет што го застапува СЈО

Поради отсуство на 5-мина обвинети, се одложи денешното рочиште за немирите во општина Центар. Судот претходно го одби барањето на специјалните обвинители за приведување на обвинетите лица кои биле уредно поканети но се појавиле на јавната расправа. Оттаму преку писмена реакција велат дека четворица од отсутните обвинети прв пат не се појавиле на расправа и одбраната е задолжена во рок од 8 дена да достави оправдување за нивното отсуство. Што се однесува до едно лице кое по втор пат не присуствува на главна расправа, а истиот е уредно повикан, издадена е наредба за негово присилно доведување на следната главна расправа велат од Кривичен.

На денешното рочиште за прв пат се појавија и 20-тина оштетени советници од општина Центар, меѓу кои и актуелниот градоначалник Андреј Жерновски. По одложувањето Жерновски обвини дека судот намерно го одолговлекува процесот.

Писмено реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Правдата ќе дојде и правда ќе има. Ќе се докаже дека целиот овој театар кој што го прави СДС, СЈО и нивните налогодавци е со единствена цел да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и политичарите кои што ја бранат државата, националните интереси законите и Уставот.

Правдата ќе дојде и ќе ги стигне сите оние како Жерновски, Заев, Шекеринска и сите останати кои одработуваат против Македонија и за тоа ќе одговараат.

Свесни за бруталната политичка хајка, но по завршувањето на сето ова фактурата за извршителите како Заев и СДС ќе ги стигне, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.