Македонија
21. March 2016 - 12:08

Одложена собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е одложена за утре во 11 часот поради не присуство на подносителот на Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за период од шест месеци.

Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев рече дека подносителот на овој Извештај, којшто требаше денеска да биде разгледан, не е присутен поради што констатира дека не се создадени деловнички услови за одржување на седницата.

Извештајот ќе се разгледува и на пленарна седница во Собранието, на 28-ми овој месец.